Дали ќе трча Пендаровски за втор мандат? Еве како одговори тој

news
Advertisement

Пендаровски следниот месец ќе се изјасни дали ќе трча за втор мандат

Advertisement

Претседателот Стево Пендаровски синоќа во интервјуто за „Тема на денот” изјави дека максимум во втората половина на февруари ќе се изјасни дали ќе се кандидира за втор претседателски мандат.

„Сѐ додека имам поддршка од граѓаните во еден солиден број, не стравувам од ниту еден политички субјект и затоа немам потреба никому да се додворувам во таа смисла”, изјави претседателот Пендаровски на прашањето дали стравува дека нема да добие поддршка од ДУИ.

Запрашан за коментар за анкетите коишто се спроведуваат, претседателот изјави дека неговиот личен рејтинг не е битно променет во изминативе четири години, што според него не е лоша работа ако во текот на мандатот не изгубите од вашиот рејтинг.

Пендаровски коментираше и за анкетите во однос на потенцијалните кандидати од власта, но и од опозицијата, наведувајќи дека неговиот рејтинг не е битно променет во изминатите четири години.

-За тоа како ја вршите вашата работа, анкетите се нужни и во целиот мандатен период, а не само сега дали ќе одиме или не на избори. Битно ми е што граѓаните мислат воопшто за мене, но јас имам принцип, кој сум го кажал на почетокот, не сакам да давам пари од буџетот за да правама анкети и да ги прашам луѓето како се задоволни од тоа како јас работам, меѓутоа има анкети, има фирми кои тоа го работат, други се нарачателите. Имам увид, и тоа го знам што луѓето мислат за мене, и се разбира знам што луѓето мислат за евентуалните противкандидати или што мислат за носечките политички партии во Македонија…Јас сум го кажал и порано, не е ексклузива, мојот рејтинг, не е битно променет во изминатите четири години, личниот персоналниот рејтинг. Кога сте на мандат е добро, ако не одите надолу, оти по дефиниција во светот, секаде, мандадтот ве троши…Ако не изгубите од вашиот рејтинг во изминатите чретири и пол, пет години, не е лоша работа, вели Пендаровски

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.