ДАНЕЛА ВЕЛИ ДЕКА ИМА ЈАВЕН ПОВИК ЗА УКРАСУВАЊЕТО ОД 30.000 ЕВРА, АМА НЕ ГО ПОКАЖУВА

news
Advertisement

Градоначалничката Данела Арсовска вели дека распишала јавен повик за новогодишното украсување од 30.000 евра, ама не го покажува. Откако САКАМДАКАЖАМ.МК денеска објави дека нема ниту јавен повик ни јавна набавка за украсувањето на Скопје и дека Арсовска не одговара на нашите прашања каде е објавен повикот, таа на својот фејсбук профил објави дека тој бил спроведен на транспарентен начин како и сите други јавни набавки. Но, повторно не го објави ниту го покажа склучениот договор.

Advertisement

„Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици“, објави Арсовска на Фејсбук.

Таа објави и принтскрин од список на договори склучени во периодот од 2011 до 2019 од претходни раководства на Градот за кои имало јавна набавка. Фотографија ниту линк од јавниот повик кој таа го објавила и склучениот договор повторно не објави.

Арсовска комуницира со јавноста исклучиво со фејсбук објави, а не свикува прес-конференција за да можат новинарите да ја прашаат околу целата постапка, кој украсува, од каде се купени украсите, кој ги поставува куќарките на Плоштад, дали ќе има новогодишна прослава, кој ќе пее и кој ќе ги плати пејачите.

НИ ТЕНДЕР, НИТУ ЈАВЕН ПОВИК ЗА 30.000 ЕВРА КОИ ДАНЕЛА ВЕЛИ ГИ ПОТРОШИЛА ЗА УКРАСУВАЊЕ НА СКОПЈЕ
На веб-страната на Град Скопје на која се објавени сите јавни повици врз основа на што се информира јавноста и оние кои сакаат да конкурираат, повик за новогодишно украсување нема. Редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК упорно проверуваше на веб-страната на Град Скопје во делот каде стојат јавни повици. Но, таму нема повик за украсување, ниту за организирање на новогодишен базар или новогодишна прослава. Објавени се само јавни повици за член на партиципативно тело за урбанизам, за повластен јавен превоз за лица со посебни потреби, за лиценци за авто-такси превозници, за доделување финансиски средства за проекти од областа на спортот и младите и други.

Денеска, Основното јавно обвинителство најави дека ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки за начинот на кој се потрошени буџетски 30.000 евра за новогодишно украсување.

„Финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, Обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки“, ни рекоа од Обвинителството.

Данела Арсовска на локалните избори во 2021 година беше кандидат за градоначалник поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

БАРАМЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА НА РЕФЕРЕНДУМ ГРАЃАНИТЕ ДА МОЖАТ ДА РАЗРЕШАТ ГРАДОНАЧАЛНИК КАКО ШТО Е АРСОВСКА, ВЕЛИ ЛИДЕРКАТА НА ЛДП МОНИКА ЗАЈКОВА

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.