Епидемиологот професор д-р Драган Даниловски кој од пандемијата со коронавирусот наваму е постојано активен на социјалните мрежи прашува зошто со набавката на биолошката терапија за малигни заболувања, наместо да опаѓа смртноста, таа се зголемува кај болните од рак.
„Ако во 2019 година е набавена биолошката терапија за болните од малигни заболувања, смртноста во 2020 и 2021 година година би требало значајно да опаѓа. Наместо тоа, таа расте! Видете ги графиконите.
Зошто?“
Прашува епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.
Податоците за 2022 година Институтот за јавно здравје ќе ги објави во почетокот на 2024 година.
Извор: https://a1on.mk/macedonia/danilovski-zoshto-so-nabavkata-na-bioloshka-terapija-za-bolnite-od-rak-smrtnosta-se-zgolemuva-namesto-da-opagja/