Даравелски во затвор, казната не застарела, адвокатот бара повторување на постапката

news
Advertisement

Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски останува во затвор на издржување на казната од 7 години за злоупотреба на службената положба. Неговиот предмет застарува дури во 2028 година.

Advertisement

-Од известувањето кое го добивме од судот во Куманово апсолутна застареност на извршувањето на казната по пресуда на Основниот суд Скопје 1-настапува на 26 .03 2028 година-велат од министерството за правда.

Поради дејствијата што ги презел кумановскиот суд, е спречено застарување на извршување на казната.

-Со оглед дека од последното преземено дејствие од страна на судот нема изминато период од десет години, ниту пак изминало двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршување на казна, застареноста не настапила-велат од Основен суд Куманово.

Сепак, одбраната има ново барање. Бранителот на Даравелски бара повторување на постапката, поради тоа што на неговиот клиент му било судено во отсуство, информираат од Кривичен суд-Скопје.

-Од страна на неговиот бранител доставено е барање за повторување на постапката со оглед на тоа што истиот бил суден во отсуство. Оформен е предмет кој е распределен пред надлежен Кривичен совет за понатамошно постапување. Советот најпрвин ќе се обрати за податоци до установата каде истиот е на издржување на казната затвор, а потоа предметот ќе го прати на мислење до Основното јавно обвинителство. По комплетирање на списите, советот закажува седница и носи одлука-велат од Кривичниот суд Скопје.

Даравелски е уапсен пред неколку дена на ГП „Табановце“ и во моментов се наоѓа во затворот „Идризово“. Осуден е за делото „Злоупотреба на службената положба и овластувања“, а според пресудата тој во периодот од 1999 до 2002 година го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.