„ДА НЕ ИСПАДНЕ ДЕКА САМО КРИТИКУВАМ“: Груевски со предлог решенија за Чебрен

news
Advertisement

Екс премиерот Никола Груевски на својот фејсбук профил се огласи со предлог решенија за Чебрен.
„ Предлог решенија за Чебрен. Да не испадне дека само критикувам…

Advertisement

Но и предлог решение за целосна секундарна гасификација на Македонија, завршување на примарната гасификација со цевка до секој град и централа за производство на струја базирана на гас.

Во основа добро е што не се случи концесија под овие услови и со инвеститор кој може да преферира национален интерес на соседна земја.

Доколку со поголем ангажман се најде компанија која би земала концесија на Чебрен под услови како што пред 10-12 години бевме блиску да реализираме со RWE од Германија, тогаш издавање под концесија може да е повторно атрактивна опција.

Доколку тоа не е можно тогаш треба да се оди на опцијата државата сама да ја изгради.

Постојат две нови можности кои ги немаше во периодот кога ја предводев владата. Во овој дел има нови можности кои можат да се искористат.

1.На крајот на нашиот мандат, во Америка се појавија зелени обврзници. Но, не и во Европа. Подоцна, одкако власта се смени, се појавија и во Европа.

Голем број држави ги задолжија фондовите одреден процент од пласманите да мора да ги инвестираат во т.н. “зелени” проекти. Улсовите се многу подобри. Каматата 40%-50% пониска.

2.Европската унија пред 2-3 години на гасот и нуклеарната енергија им даде третман на зелена енергија.

Се разбира, секогаш постои можноста да се повлече кредит од 1,2 милиони евра за да се изгради Чебрен. И тоа е една опција за финасирање на проектот доколку држава одлучи сама да го изгради.

Втора опција е да се направат неколку други чекори и повторно Чебрен да е државен, а со истата опција, со исто или приближно ниво на заем колку што чини Чебрен, може да се заврши и гасификацијата на земјата во целост (примарната и секундарната), да се изгради и една гасна електрана и да се изград некој друг зелен проект, како на пример трамвај во Скопје.

За Чебрен:

1.Формирање на СПО (special purpose Vehicle). Во таа новоформирана фирма да се стави постоечката хидроелектрана Тиквеш, и цената на електричната енергија од оваа хидроелектрана да се стави на словодниот пазар.

Тоа малку ќе ја зголеми општата цена на струјата, но ќе генерира приход во таа нова фирма во следните 20 години во износ од 1,5 милијарда евра. Таа вредност која ќе ја донесе таа нова фирма, ќе овозможи наместо 1,2 милијарди евра, да се повлече заем преку емисија на зелени обврзници од околу само 500 милиони евра.

2.Втора варијанта би била во позадина Државни електрани да издадат soft гаранција и да се повлечат 1 до 1,2 милијарди евра преку зелени обврзници, со цел да нема никакви оптеретување на просторот за дополнителни задолжување на државата. Динамиката на плаќање на обврзниците би била согласно пазарните приходи на ХЕЦ Тиквеш, а одкако ќе се заврши градбата на Чебрен, и од приходите на Чебрен, односно динамиката би била побрза.

Тоа е нешто што прецизно се пресметува во елаборатот и се презентира на роуд шоу пред инвеститорите.

Така може да се обезбедат средствата и делумно или целосно да се задржи просторот за други задолжувања.

Ако на пример каматата на обичните обврзници за Македонија во моментот е 5% годишно, со зеленета обврзница би била 2,5 % до 2,7%. Тоа би било голема заштеда за државата.

Обврзниците не би требало да се издадат одеднаш, бидејќи сега каматите се уште се високи, а парите се потребни постепено во период на градбата, така што може да се оди со годишни емисии.

Заедно со Чебрен таму би можело да се инвестира и една електрана со сончеви колектори во државна сопственост бидејќи Чебрен прави пикова енергија. Така државата ќе има поголем ефект, можеби двоен. Максимална искористеност и многу поголем приход.

3.На сличен начин може да се решат повеќе стратешки објекти во Македонија.

На пример, секундарната гасификација на Скопје (изградба на цевки за гас внатре во градот до секој дом и фабрика) се проценуваше на 115-120 милиони евра. Сега со инфлацијата тоа е веројатно 180 милиони евра. Заедно со останатиот дел од Македонија, тоа би било околу 350-380 милиони евра за секундарна гасификација.

Додатно би требало уште околу 100 милиони евра за завршување на примарната гасификација (изградба на цевки од еден до друг град). Од Гостивар, преку Кичево, кон Струга, Охрид и Битола со краци кон Македонски брод, Демир Хисар, Крушево и други. И од Штип, преку Радовиш, Струмица, Гевгелија до грчката граница, со краци кон Велес, Виница, Кочани, Делчево, Пехчево, Берово. Другите се завршени или се при крај : Крива Паланка, Куманово, Скопје, Св. Николе, Штип, Кавадарци, Неготино, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар.

Исто така наместо гасна централа на грчка територија, истата може да се изгради во Македонија или две помали од по 100 милиони евра, вкупно 200 милиони евра.

Сите овие проекти за гасификација и изградба на централи за правење струја, на база на гас би биле по истиот принцип како Чебрен. Формурање на државна фирма СПО, повлекување зелена обврзница, вклучување на дејност која веќе носи одредени приходи во таа фирма и потоа варијации на тема, дали целосно би одело со софт гаранција на државни електрани или делумно, но не повеќе од пола од вредноста со државно издавање на зелените обврзници.

Во случајот со проектите за пренос на гас, и производство на струја од гас, важно е што тие би биле завршени за околу четири години и би генерирале приходи со кои ќе се исплаќа дел долгот од зелената обврзница на СПО.

Во врска со гасификацијата, важно е да се каже дека барем во првите години државата ќе треба да го субвенционира гасот за домаќинства и фабриките да имаат доволна причина да преминат на гас, што ќе создаде многу повеќе клиенти на државното СПО, а со тоа и приходи за исплата на зелената обврзница.

Овие две новини на пазарите со зелена обврзници и со ставањето на гасот и нуклеарната енергија во зелена енергија треба да се искористат, на начин што ќе се решат големи енергетски проекти во Македонија и кои би биле во државна сопственост со многу мало задолжување на државата односно окупирање/зафаќање на просторот кој државата го има за задолжување.

Во ова група на зелени проекти може да влезе и изградбата на трамвај во Скопје, но во тој случај веројатно во СПОто би требало да влезе и ЈСП или некое друго ЈП кое би генерирало профит, но со професионален менаџмент и поблиски до пазарните цени.

Јас одамна го имам отворено и прашањето за една мала нуклеарна електрана во Македонија, но се чини во оваа фаза на развој, не постои јавна подготвеност да се дебатира на таа тема, па затоа истото воопшто не го ставив во предлозите.

Затоа, во иднина може да се размисли за набавка на модуларното нуклеарки, кои се француски и функционираат како батерија. Британија нарача 50 такви. Нема отпад, и нема ништо ризично во тој дел. Буквално контејнер се носи, функционира 3 години, потоа доаѓаат го земаат и вклучуваат нов.

Над 70 евра 1МWH се исплаќаат.

Зелените обврзници имаат сигурен пласман бидејќи се обврска на сите инвестициски фондови да имаат во нивното портфолио одреден процент на зелени обврзници.

Со изградбата на Чебрен и со гасификацијата значително ќе се поттикне економскиот раст во Македонија.“ напиша тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.