Дваесет и деветгодишен маж загина во сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп, телото е дадено на обдукција

news
Advertisement

Во несреќата учествувале патничко возило „ауди“, со кое управувало починатото лице и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, зад чиј волан бил 38-годишниот З.Б. од Куманово
Дваесет и деветгодишен прилепчанец го загубил животот по тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на патот Прилеп – Градско, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisement

Според информациите, А.М. (29) им подлегнал на повредите во прилепската градска болница каде што бил пренесен по сообраќајната несреќа која се случила нешто пред 18 часот.

Во неа учествувале патничко возило „ауди“, со кое управувало починатото лице и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, зад чиј волан бил 38-годишниот З.Б. од Куманово.

Сообраќајката во Одделението за внатрешни работи Прилеп, според МВР, била пријавена во 17:57 часот.

„По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп“,

Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Градско – Прилеп, помеѓу раскрсницата за селата Ореовец и Плетвар, вчера вечер беше во целосен прекин.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.