Двајца уапсени за убиството на докторот во скопска Железара

news
Advertisement

Две лица за кои постои сомнеж дека се вмешани во убиството на лекарот од железара се приведени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во подкастот “Претрес”.

Advertisement

Преземени се 20 истражни дејствија, прегледани се над 50 камери. Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски откри нови детали околу истрагата, според која било утврдено дека мотивот за убиството не е поврзан со професијата која што ја обавувал убиениот лекар.

„Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои нѐ водат до овие осомничени, две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија“,изјави вчера вечер Тошковски.

Минатата недела 67-годишниот матичен лекар беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика „Железара. ТВ АЛФАмарт 28, 2024

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.