Advertisement
Епицентарот на земјотресот бил во реонот на градот Терјани
Advertisement
Земјотрес со јачина од 4,2 степени се случи денеска во источниот турски округ Ерзинџан, јавува Си-Ен-Ен-Турк.
Епицентарот на земјотресот бил во подрачјето на градот Терјани, соопшти Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Земјотресот се случи во 08:41 часот на длабочина од 7 километри под површината на земјата.
На 30 септември во 00:48 часот на истото место е забележан земјотрес со јачина од 4,4 степени, потсетува телевизијата.
Advertisement