Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција, потресот почувствуван и во Албанија, Малта и Италија

news
Advertisement

Првиот земјотрес се случил на југот на Грција, нешто по 8 часот утрово, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а само една минута подоцна следувал уште еден, посилен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала

Advertisement

Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Првиот земјотрес се случил на југот на Грција, нешто по 8 часот утрово, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а само една минута подоцна следувал уште еден, посилен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Првично било соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6 степени, но набрзо тој бил сменет на 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Според ЕМСЦ, земјотресот се случил во морето, на само неколку километри од популарниот туристички остров Закинтос и 37 километри од градот Филијатра.

Земјотресот, според ЕМСЦ, бил почувствуван на оддалеченост од 600 километри од епицентарот и покрај тоа што го почувствувале Грците, се тресело и на Малта, Италија и во Албанија.

Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ известуваат дека земјотресот бил силен

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.