Две жени повредени во сообраќајна несреќа

news
Advertisement

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
Две жени повредени во сообраќајна несреќа
На 04.04.2024 во 10:10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Струга – Дебар со локалниот пат за струшкото село Ташмаруништа се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возила „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.С.(64) од дебарското село Мал Папрадник и патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(65) од Скопје.
Во несреќата, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга, се здобила Д.А.(74) од дебарското село Папрадник, сопатничка во возило„голф“, додека со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга, се здобила М.И.(52) од дебарското село Бајрамовци, сопатничка во истото возило.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.