Две скопјанки и малолетник искасани од кучиња

news
Advertisement

Во Полициската станица Аеродром, 46-годишниот И. К. од Скопје пријавил дека на улицата Горно Лисиче неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник, извести МВР.

Advertisement

Уште два други случаја на каснување од куче се пријавени во скопските полициски станици.

Вчера, во 20 часот, во Полициската станица Аеродром, 20-годишната С. М. од Скопје пријавила дека на улицата Симеон Кавракиров била касната од куче скитник.

Претходно, во 14.30 часот, во Полициската станица Чаир, 29-годишната С. И. Т. од Скопје пријавила дека на крстосницата од булеварот Словенија со улицата Јадранска магистрала била касната од куче скитник.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.