Девет верници се удавија за време на крштевање во река во Јужноафриканската Република

news
Advertisement

Телата на девет верници биле извлечени од водите откако биле однесени од надојдената река во Јужноафриканската Република за време на церемонија на крштевање, соопшти денес итната помош.

Advertisement

Вчера пронајдовме две тела, а денеска уште седум“, изјави портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи за дпа. Со оглед на продолжената операција за пребарување и спасување, се очекува тој број да биде уште поголем.

Мулауџи пред новинарите изјави дека 33 верници пристигнале вчера на церемонијата на крштевање на брегот на реката Јукскеи во предградието на Јоханесбург, но ненадејната бура предизвикала силни речни струи и буица.

Во јуни четири лица се удавиле за време на церемониите за крштевање во провинцијата Лимпопо, а за време на Велигден оваа година, одделот за водоснабдување и одводнување издаде посебно предупредување и повика церемонии за крштевање да не се одржуваат на бреговите на реките.

Мулауџи побара од црквите кои сè уште вршат вакви ритуали да бидат посвесни за бурите и буиците кои се вообичаени во летните месеци.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.