Девојката со крилја доминираше на модната писта: Фустанот со отворен грб ја воодушеви и Калиопи

Девојката со крилја доминираше на модната писта: Фустанот со отворен грб ја воодушеви и Калиопи

news
Advertisement

Девојката со крилја доминираше на модната писта: Фустанот со отворен грб ја воодушеви и Калиопи

Advertisement

Во Белград се одржа ревија „Мода за сите“ на која како манекенки учествуваа лица со попреченост. Меѓу нив беше познато лице и насмевка на девојка на чија сила и се восхитува цел Балкан – познатата „Девојка со крилја“ – Дејана Бачко.

Дејана се прошета на модната писта како професионален модел, паузирајќи во вистинските моменти и дозволувајќи и на публиката да се восхитува на нејзиниот стајлинг.

Таа носеше неколку комбинации, а како прва претстави интересен краток фустан. Светкините и отворениот грб одлично и прилегаат, а тесниот крој ја истакна нејзината линија.

Освен „најлонски“ чорапи – до колена во црна боја, стајлингот го комплетирала со кожени црни чизми. Косата и беше собрана, а на усните имаше црвен кармин. Модниот дизајнер Бата Спасојевиќ дефинитивно повторно успеа да го извлече најдоброто од манекенката, па на Дејана и најде облека која ќе го привлече вниманието на нејзината убавина.

Вториот стајлинг кој креаторот и го приреди беше интересно бело здолниште во комбинација со црна јакна и цветен детаљ околу вратот.

Сите на социјалните мрежи и честитаа на „девојката со крилја“, нејзиниот став и како изгледаше на пистата, а меѓу поддршката во коментар остави и македонската дива Калиопи.

Фото: Инстаграм
Извор: ona.telegraf.rs

Advertisement