Дело на Ван Гог продадено за над 4,5 милиони евра

news
Advertisement

Платното со димензии 63 x 48 цм е насликано околу 1884 година, додека уметникот престојувал во куќата на неговото семејство во селото Нуенен. Овој период се смета за пресвртница во делото на Ван Гог. Автентичноста на сликата е потврдена од музејот „Ван Гог“ во Амстердам.

Advertisement

Сликата беше ставена на продажба од американската галерија „МС Рау“ од Њу Орлеанс.

Новиот сопственик платил 4,57 милиони евра. Тој всушност, поседува приватен музеј надвор од Европа, објави холандскиот ТВ-канал „НОС“. /МИА

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.