Дел од осомничените за убиството на Панче и Вања се пожалиле на болки во ребра и бубрези, однесени на контрола на Клиника

news
Advertisement

Дел од осомничените за свирепото убиство на велешанецот Панче и малата Вања, кои се во 30 дневен притвор во затворот Шутка, денес биле однесени на Клиника на преглед.

Advertisement

ММС дознава дека тројца од петмината се пожалиле на болки во бубрезите, односно ребрата, па поради болки биле однесени на преглед во Клинички центар „Мајка Тереза“, поточно двајца на Клиниката за урологија и еден на Торакална, дознава ММС од свои извори.

-Ова не им е прво одење на Клиника, лекарски контроли. Беа и претходно. Еден од нив уште пред да дојде во притвор имал проблеми со бубрезите, односно има еден бубрег и морало да се јави на лекарска контрола, велат извори за ММС.

Како што порано информиравме петмината осомничени за убиствата кои ја згрозија јавноста веќе осум дена се во Шутка, а за главниот осомничен Љупчо Палевски-Палчо се уште се чека на екстрадицијата од Турција.

Јавноста згрозена од убиствата за кои се осомничени овие монструми бара доживотен затвор. Затоа будно се следи се што се случува околу нив, па и притворот во Шутка.

Како што се пишуваше деновиве тие се во посебни ќелии и дека останатите притвореници и затвореници бурно реагираат на нив, со довикување и тропање по решетките. Односно и останатите притворени и затворени не можат да им простат убиство на дете.

ИЗВОР. https://mms.mk/338047/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.