„Денеска го попративме во вечноста Милан Мукоски“ – на денот на несреќата го прашале, каде одиш сам: Не сум сам, со Господ сум

news
Advertisement

Фејсбук објава на „Мое Вевчани“, која е преземена во целост и без измени, во чест на прерано загинатиот Милан Мукоски.

Advertisement

Вевчани се сеќава:

“Денеска го попративме во вечноста Милан Мукоски.

Милан е роден на 21.09.2004. Член на семејството Мукоски. Син на Катица и Крсто, брат на Голабинка, Илина и Јована.

Милан своето детство го помина во Вевчани. Беше весело и друштвено дете, сакано и поштовано од сите, исто како тој што знеше да го испоштоват секого со добар и весел муабет. Пример за младите, предвесник на добрина и милост за значењето на зборот „другарство“.

Милан основното образование го заворше во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани како одличен ученик. Средното во Гимназјата „д-р Ибрахим Темо“ – Струга и по заворшвењето на гимназјата се запишвит на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Милан беше љубител на домашните животни. Секојдневно одеше во семејната штала со коњи и токму затва доби љубов кон ветеринарството.

Беше голем верник во Господа, знеше да ги ценит и почитоват сите христијански обреди.

Некој го стретил кеш ојт на Зимски Спасовден пругоре сам и му рекол:

Ке ојш бре Мики сам по снегојве?

– Не су сам бе, со Господа су.

Св.Васиља беше негвата пасија. Се маскираше од својата порва година до ланска година ква беше маскиран со својот коњ во војник од негојот омилен филм „Valhalla Rising“. Живеше за Св.Васиља како секој вевчанец. 13ти јануари му беше најубав ден, за после 19тата година на тој ден да заминит на едно поубо место, место ке што немат болка и неправда.

Почивај во мир Милан. Сега си поблиску до оној кој најмногу го сакаше, сега си вистина зедно со Господа. Чувај нѐ сите. Вечно ќа си во нашите мисли и ќа те спомвиме секваш. Вевчани никваш немат да те заборајт”.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.