Денес 49 дојави за бомби во Македонија, експертите не исклучуваат руска игра

news
Advertisement

Сите 49 дојави за бомби се лажни, соопшти полицијата.

Advertisement

Денешниот ден беше рекорден по бројот на дојави за бомби, а сајбер терористите за прв пат си поиграа со малите дечиња во основното образование, пријавувајќи серија закани за бомби врз повеќе основни училишта низ земјава.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се вели во соопштението од МВР.

Порталот „Кумановски муабети“ денеска ја објави содржината на пораката со дојава за бомба која утрово пристигнала во девет основни и едно средно училиште во Куманово, а во неа директно се споменуваат премиерот и неговата партија.
Во пораката се вели дека „ќе бидат убиени невини луѓе“, но и дека ќе биде срушена „северномакедонската влада“.

Објавена содржината на заканата за бомба во Куманово: „Убиства се потребни, ќе ја срушиме северномакедонската влада“

Ваквата соддржина потсеќа на коментарите кои се пишуваат на твитер и фејсбук од ботовската мрежа која е блиска до опозициски партии и која е многу видлива на социјалните мрежи. Имено, постои мрежа од стотици профили на твитер и фејсбук кои се закануваат и пишуваат коментари со говор на омраза, против членството на Македонија во НАТО и против членството на земјава во ЕУ. Дел од овие профили се ботови и лажни ликови, дел се надворзуваат на ваквите пораки по пат на спонтаност и еуфорија.

И покрај тоа што има спорадични случаи на пријавите на бомби, каде се вклучени македонски државјани, експертите велат дека не треба да се исклучи дека бомбите може да потекнуваат од луѓе во Русија кои сакаат да ја дестабилизираат македонската држава, про-европската влада и премиер.
Токму поради ова е потребна посериозна поддршка од меѓународните партнери, особено од САД.

Факт е дека за да се пријавуваат бомбите, дури и тие да се испраќани од странци, некој од тука можеби соработува со сајбер терористите бидејќи ретко кој може да ги собере мејловите од училиштата, а и да знае кога треба, а кога не да се пријавува.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска повтори дека заканите за поставени бомби најчесто доаѓаат од ВПН-адреси (виртуелни приватни мрежи) од кои не може да се добие една конкретна ИП-адреса од каде е испратена електронската пошта.

Меѓу другото, тој најави дека деновиве треба да се одржи состанок на Советот за координација на разузнавачките служби во земјава, на кој ќе бидат разменети и информации за дојавите за поставени експлозивни направи во училиштата и други објекти кои изминатиот период се случуваат во континуитет.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.