Ден на албанската азбука: Се грижат ли институциите за квалитетот и стандардите кога се обраќаат на албански

news
Advertisement

Додека пред 114 години научници од сите земји населени со Албанци се собраа за обединување на азбуката на албанскиот јазик, во Македонија, иако со години е официјален, албанскиот јазик не се користи во многу институции
Во институциите каде што се користат албанскиот јазик и азбука, тоа често се прави спротивно на јазичните норми. За да провериме колку институциите водат сметка за албанскиот јазик зедовме три соопштенија од државни институции што ги водат Албанци и ги однесовме на лектура
Институцијата што треба да ја казнува непримената и погрешната примена на албанскиот јазик е Инспекторатот за употреба на јазиците. Инспекторатот, не само што нема кадар за отворање подрачни единици во други градови, туку и нема како да врши инспекции надвор од Скопје.

Advertisement

По повод 114-годишнината од Битолскиот конгрес – собир од кој произлегла стандардизираната албанска азбука, денеска во Битола ќе се соберат граѓани, научници, политичари…

На прв поглед изгледа дека сѐ е спремно, вклучувајќи ја и националната установа Музеј на албанската азбука, чиј објект неодамна беше реновиран преку ИПА-проект.

„Во добра состојба сме, ја чекаме следната активност што ја планиравме со овогодишната програма која ќе ја реализираме до 23 ноември, почнавме на 11, а ќе завршиме на 23“,

вели директорот на установата Заит Алиу.
За разлика од позитивизмот на директорот, изминативе недели медиумите портретираа поинаква слика за Музејот – дека му е исклучена струјата, дека сметката на установата е блокирана поради лошо управување со средства од ИПА-фондовите наменети за реконструкција на објектот.

Директорот Алиу повтори дека сега сѐ е во ред без да биде дециден – дали има вистина во медиумските објави.

„Mожеби понекогаш нè вадат од контекст за тоа што сме го кажале. Токму овој проблем се влечеше речиси две години по ред и за ИПА имавме надворешен соработник кој се грижеше за работите да течат како што треба. Но има некои технички проблеми, кои се надевам дека наскоро ќе се надминат и дека нема да имаме проблеми. Главната работа со реконструкцијата е завршена, како што гледате“,

посочува Алиу.
Техничките проблеми за кои говори директорот речиси сигурно нема да бидат видливи денеска. Но, тоа не значи дека албанската азбука и јазик не се исправени пред одредени предизвици во земјава.

Додека пред 114 години научници од сите земји населени со Албанци се собраа за обединување на азбуката на албанскиот јазик, во Македонија, иако со години е официјален, албанскиот јазик не се користи во многу институции.

Колку се почитуваат јазичните норми
Но, проблемот не е толку едноставен, бидејќи и во институциите каде што се користат албанскиот јазик и азбука, тоа често се прави спротивно на јазичните норми. За да провериме колку институциите водат сметка за албанскиот јазик зедовме три соопштенија од државни институции што ги водат Албанци и ги однесовме на лектура.

На Филолошкиот факултет при УКИМ, на Катедрата за албански јазик и книжевност, нè пречека професорката Ајтене Ќамили. Првиот документ што ја помина нејзината проверка беше од Министерството за образование и наука.
„Пример за овие случаи на придавки што се нечленувани, како што е случајот со ‘авангардна’, ‘академска’, секогаш овие типови придавки што завршуваат со д, к, или т, во множина дефинитивно мора да ја напишеме самогласката ‘ë’ за да покажеме дека се работи за множина. Во конкретниот случај овде нема ‘ë’“,вели Ќамили.

Иако соопштенијата од државни институции кои најмногу треба да се грижат за албанскиот јазик беа полни со грешки, професорката Ќамили на нив гледа со доза оптимизам. Таа вели дека пред неколку години состојбата била далеку полоша.

Институцијата што треба да ја казнува непримената и погрешната примена на албанскиот јазик е Инспекторатот за употреба на јазиците.

А додека работите не се сменат, нема да се гледа и чита стандарден албански јазик од институциите дури ни на поканите за настаните за одбележување на 114- годишнината од конгресот во Битола на кој беше стандардизирана албанската азбука.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.