Ден по масакрот во Белград, тага, солзи, свеќи и цвеќиња за трагичните жртви

news
Advertisement

И утрово само 24 часа по овој грозоморен масакр, голем број ученици и граѓани на Белград повторно се собираат пред училиштето во Врачар за да им оддадат почит на трагично загинатите и повредени ученици и наставници. Иако има голем број луѓе, пред училиштето владее апсолутна тишина, се слуша само липањето на присутните. Сите се тажни. Пред училиштето се и многу ученици и наставници кои не може да поведуваат што се случи на ова место пред само 24 часа. Вчера наутро во 8:40 часот се случи невиден масакр во ова основно училиште. Животот го загубија седум девојчиња и едно момче, како и еден обезбедувач, ранети се уште 6 ученици и наставничката по историја,едно од ранетите девојчиња е во многу тешка состојба. Извршителот на овој масакр 13 годишниот Коста е смесен Специјална болница. Тој вчера дал изјава во полиција, во присуство на вработена во Центарот за социјална работа. Приведени се и неговите родители, а на таткото му е одредена мерка притвор од 48 часа.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.