Деспотовски: Меѓународна ревозорска куќа ги анализира инвеститорите и за „Некст е-го“ нема нотирано посериозни ризици

news
Advertisement

Не би коментирал оценки и „оценки“ за нивото на технологија ниту кај оваа, ниту кај други инвестиции. Она што е дел од новиот концепт на работење на ТИРЗ е интересот на државата односно граѓаните. Во конкретниот случај, анализите покажуваат дека повратот на државната поддршка може да се очекува веќе во третата година од почетокот на производството, што е сосема солиден показател, вели директорот на Дирекцијата за техонолошко индусктриски развојни зони во интервју за Плусинфо

Advertisement

На прашањето зошто оваа инвестиција не се реализирала минатата година во Бугарија, иако се воделе преговори, Деспотовски вели оти верува дека С Македонија може да биде поуспешна од соседите во реализацијата на оваа инвестиција
Со новиот концепт на работење на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) сите потенцијални инвеститори поминуваат низ соодветна анализа за која имаме ангажирано реномирана меѓународна ревизорска куќа. Во првичниот извештај за „Некст е-го“ нема нотирано никакви посериозни ризици поврзани со самиот инвеститор, вели директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски, во интервју за Плусинфо, во врска со ризиците поврзани со новата инвестиција во најава за производство на автомобили на електричен погон „Е-Го“ во фабрика во индустриско-развојната зона кај Тетово.

Претходно, порталот Аутомедиа.мк објави критички текстови со наводи дека оваа компанија е несолвентна, дека била во стечај, како и дека нејзините производи се неквалитетни и со маргинално значење на пазарот

Деспотовски вели дека не сака да ги коментира овие анализи во јавноста, посочувајќи дека повратот на државната поддршка може да се очекува веќе во третата година од почетокот на производството што, според него, е солиден показател.
„Го почитувам правото на секој поединец да има своја лична, стручна или политичка оценка за проект што го реализира државата. Лично, не би коментирал оценки и ‘оценки’ за нивото на технологија ниту кај оваа, ниту кај други инвестиции. Она што е дел од новиот концепт на работење на ТИРЗ е интересот на државата односно граѓаните. Во конкретниот случај, анализите покажуваат дека повратот на државната поддршка може да се очекува веќе во третата година од почетокот на производството, што е сосема солиден показател. И ќе настојуваме тоа да го оствариме. Кон ова, секако, треба да имаме предвид дека електричните возила се нов глобален тренд и пазарите се во критична и доста динамична фаза на развој. Дополнително, зад овој проект стои сериозен тим на луѓе од техничкиот универзитет во Ахен, Германија, што се рангира во топ два отсто на глобалните листи на високообразовни институции“,
вели Деспотовски, сепак, потенцирајќи дека „стопроцентна гаранција за успех нема“.

На прашањето зошто оваа инвестиција не се реализирала минатата година во Бугарија, иако се воделе преговори, Деспотовски вели оти верува дека Северна Македонија може да биде поуспешна од соседите во реализацијата на оваа инвестиција.
„На почетокот на разговорите, претставниците на компанијата беа отворени и информираа дека водат разговори и со други држави во поширокиот регион, вклучително и со Бугарија. Од наша страна, направивме сè да ја презентираме Северна Македонија како најдобра опција од сите што се разгледуваат. Силно верувам дека имаме капацитет да бидеме поуспешни од соседите и во целост да ја реализираме оваа инвестиција“, заклучува Деспотовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.