Детали – Како настанал инцидентот со член на обезбедувањето на Мицкоски

news
Advertisement

Го истуркал од кафеаната и му удрил бокс за да спречи пронаоѓање на лица инволвирани со дрога,пишува во полициската белешка за инцидентот

Advertisement

Малку по полноќ, на булеварот „Свети Климент Охридски“ во центарот на Скопје, додека полицискиот службеник В. Г. од Скопје, заедно со петмина други полициски службеници од Единицата за недозволена трговија (ЕНТ) биле на работно место по план за претрес во угостителски објект за пронаоѓање лица инволвирани со дрога, В. Г. прво бил вербално нападнат од Ивица Б., вработен во МВР во Одделот за заштита на определени личности и објекти (ОЗОЛО), а потоа и физички – велат првичните полициски информации за настанот. Ивица Б., полициски службеник и член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа се обидел да спречи полициска акција во познат скопски локал, по што е приведен.

„Откако Ивица упатил заканувачки зборови кон В. Г., го фатил за раката и заедно со неколку НН лица го истуркале надвор од угостителскиот објект, каде што биле останатите полициски службеници. И покрај предупредувањата од В. Г. дека напаѓаат полициски службеник кој е на должност, Ивица Б. му задал удар со тупаница во пределот на главата. Ивица бил лишен од слобода. За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“,пишува во белешката од инцидентот. објави 360.мк

Прв за настанот изутрината преку социјалните мрежи извести дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, кој е од редовите на СДСМ, оценувајќи дека „македонската историја не памети ваков случај на поранешен полициски функционер (командант на единицата ‘Тигар’, н.з.) да нападне и спречи свој колега во извршување на службена дејност“.
Извор: https://libertas.mk/go-isturkal-od-kafeanata-i-mu-udril-boks-za-da-sprechi-pronao-a-e-na-lica-involvirani-so-droga-pishuva-vo-policiskata-beleshka-za-incidentot/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.