Детска игра заврши трагично – починаа 4 деца на возраст од 3 до 6 години

Детска игра заврши трагично – починаа 4 деца на возраст од 3 до 6 години

news
Advertisement

Advertisement

Полицијата во Намибија ја истражува смртта на четири деца кои си играле во празен стар замрзнувач во североисточниот регион Замбези. Децата на возраст од три до шест години биле пронајдени во неискористен замрзнувач во густо населена област Катима Мулило, јави Би-Би-Си. Полицијата верува дека децата случајно се заглавиле додека си играле и се задушиле внатре, но допрва треба да се направи конечен извештај. Од четирите деца, две починале во замрзнувачот, а две во болница. „Кога дојдов, видов како брза помош им помага на ќерка ми и на уште едно девојче. Брза помош ги однесе во болница“, изјави за The Namibian Арангес Шоро, таткото на децата. Децата кои биле итно пренесени во блиската државна болница биле прогласени за мртви по пристигнувањето, објави јавниот сервис NBC.

Advertisement