Димитар Ковачевски уште еднаш потврди дека е домазет во неговата влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ

news
Advertisement

Димитар Ковачевски уште еднаш потврди дека е домазет во неговата влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

„Скандалот со М-НАВ и упадот на групата на Беким Незири во објектот за контрола, во време кога над Македонија прелетувале десетици авиони, за Ковачевски е обична „семејна расправија“. За оваа Влада на ДУИ и СДС физичка пресметка во контролна кула е вообичаено кошкање, а во секоја нормална држава би било чин на насилство рамно на загрозување на воздушниот сообраќај. Ковачевски и СДС се тотални измеќари на Мала Речица. Новиот страв на Ковачевски е дека доколку нешто им преречат за овој скандал во М-НАВ, ДУИ може да не ги земе заедно на пратенички листи или ќе им одбие поддршка на претседателскиот кандидат. Затоа се спремни да го голтнат и ова шерифско однесување, исто како и многуте пред тоа, и да молчат исто како што молчат и за вработувањата во оваа институција на снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими, пријатели на Артан Груби итн. Ковачевски без срам коментира други, а молчи за роднините до трето колено кои функционерите на ДУИ ги ухлебиле во М-НАВ“, истакнуваат од опозициската партија.

Според нив, семејствата на функционерите на ДУИ се тие кои го окупирале М-НАВ за плата од неколку илјади евра месечно, додека илјадници граѓани, вклучително и Албанци, заминуваат од Македонија поради бесперспективноста и киднапираната држава.

„Никогаш не било полошо. Оваа власт е важно да се порази“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.