Димитриеска Кочоска: Заради СДСМ и ДУИ Тетово во 21 век има проблем со водоснабдувањето и квалитетот на водата за пиење

news
Advertisement

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во Тетово заедно со носителот на советничката група Ангел Карапетров, како и кандидатите за советници на изборите кои што ќе се одржат на 20 август, предводени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Advertisement

-На мое многу големо разочарување во претходните години Тетово беше под контрола на коалицијата на СДСМ и ДУИ, и за жал Тетово стана место каде што царува корупцијата, криминалот, каде што имаме одредени мал број на луѓе блиски до власта кои што од ден на ден го зголемуваат своето богатство и на уште поголемо разочарување јас денес од Тетово повторно зборувам за водата и недоволно питка вода за пиење која што ја има како проблем градот. Повторно зборуваме за загадувањето во Тетово, зборуваме за катастрофалната патна инфраструктура која што го враќа Тетово како да живее во 19 век, а не на 21 виот век, рече таа.

Порача дека токму од таа причина потребни се промени во Тетово.

-Затоа ВМРО-ДПМНЕ на овие избори кои што ќе се одржат на 20 август ќе освои убедлива победа во Тетово затоа што тука со мене се кандидати за советници кои што навистина заслужуваат да ја издвојуваат победата, затоа што зборуваме за луѓе кои што во изминатиот период докажаа дека се посветени и работата во интерес на граѓаните. Значи зборуваме за луѓе кои што се сервис на граѓаните, а не за луѓе кои што се гласачка машинерија во советот како што тоа се случуваше изминатиот период од страна на СДСМ и ДУИ. Од таа причина ги повикувам граѓаните кои што знаат дека промените започнаа некаде после Нова година, повторно да гласаат за бројот 2 на 20 август, да излезат и да гласаат затоа што навистина на Тетово му треба промени, му треба луѓе како овие луѓе кои што се тука со мене кои што ќе се посветат и ќе работат во интерес на граѓаните, посочи таа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.