Директорот Глиџиќ: Постои можност учениците кои се изживуваа врз наставничката, да бидат избркани од училиште

news
Advertisement

Против тројца ученици на Техничкото училиште во Трстеник е поведена воспитно-дисциплинска постапка поради инцидентот што се случи во училницата на училиштето на 9 ноември, а постои можност децата да бидат избркани од училиште објави Нова.рс. „Ја најдов мојата колешка во итната помош со нејзиниот син истата вечер и слушнав што се случило и како се случило. За среќа таа не е телесно повредена. Учениците не биле познати по големи прекршоци.Постои можност да бидат избркани од училиште. Наставничкиот совет следната среда ќе донесе дисциплинска одлука“, вели Милан Глиџиќ, директор на Техничкото училиште во Трстеник.

Advertisement

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како ученик ѝ приоѓа на млада професорка во средно училиште од зад грб, го извлекува столчето на кое седи, по што таа завршува на подот, додека друг сето тоа го снима, а учениците се смеат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.