ДИРЕКТОРОТ НА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ФАТМИР АРИФИ НЕ ДОСТАВИЛ ДОКАЗИ КАКО СЕ СТЕКНАЛ СО ДВА СТАНА И АВТОМОБИЛ, АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН

news
Advertisement

Антикорупциската комисија побара од Владата да го разреши директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Фатмир Арифи, бидејќи не доставил докази како се стекнал со два стана и автомобил.

Advertisement

По направени анализи, Антикорупциската комисија утврдила дека Арифи во анкетниот лист не пријавил стан во Чаир и стан во Железара, како автомобил Форд, кој го купил во 2021 година по цена од 18.000 евра. Тој бил повикан од Антикорупциската комисија да приложи докази како се стекнал со овој имот, но тој не го направил тоа, туку само рекол дека се занимава со продажба на автомобили и дека едниот стан го стекнал со размена на автомобил со стан и тврдел дека за тоа има договор заверен на нотар.

„Од увидот во податоците во банките и другите финансиски институции во нашата држава за именуваниот и неговите членови од семејството со кое живее произлегува дека именуваниот освен редовните примања по основ на плата не остварува дополнителни приходи, а имајќи предвид дека истиот не достави докази за основот и потеклото на средствата за стекнување на становите и возилото не се докажа дека наведениот имот е стекнат како резултат на примања кои се пријавени и оданочени“, вели претседателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска.

Антикорупционерите се сомневаат дека тој има сторено кривично дело и поради тоа поднесоа иницијатива за покренување кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Арифи беше назначен за директор во октомври 2о2о година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.