Директорот на „Паркови и зеленило“ поднесе оставка

news
Advertisement

Замина уште еден директор во Град Скопје, Ангел Сотировски, директор на ЈП „Паркови и зеленило“. Сотировски, кој доаѓа од Социјалистичката партија, коалиционен партнер на ВМРО, изјави дека создадениот амбиент не му дозволува да се фокусира на успешно управување со претпријатието, па затоа се повлекува.„Ценам дека атмосферата во Град Скопје нема да ми дозволи максимално да се фокусирам на најважното, а тоа е успешното менаџирање на компанијата. Токму поради оваа причина се повлекувам од позицијата В.Д директор“, наведе Сотировски.

Advertisement

Друг поранешен директор се жали дека Данела Арсовска не ја прифатила неговата оставка од функцијата. Бојан Христовски, кој до пред некој ден раководеше со ЈП „Градски паркинг“ Скопје преку објава ја повикува градската администрација да постапи согласно законот и да ја прифати неговата неотповиклива оставка.

„Ја известувам Градската управа да ја прифати мојата неотповиклива оставка и да именува нов директор. Работата во претпријатието мора да продолжи без одлагање. Тековните активности и иновации не смеат да запрат, без разлика на несогласувања и политички комбинаторики“, наведе Христовски.

Во моментов на работа остануваат само двајца директори на јавни претпријатија во рамките на Град Скопје, тој на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и тој на Комунална хигиена. Останатите директори се повлекоа со образложение дека недостига соработка со градоначалничката на Град Скопје. Судирот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска следуваше по разрешувањето на директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, а по сомневањата дека има обиди за влијанија во тендерот за пречистителната станица за Вардар

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.