Дијалогот на тенок мраз-СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да формира работни групи,ВМРО-ДПМНЕ чекаат одговор

news
Advertisement

ВМРО-ДПМНЕ да номинира работна група и што побрзо да продолжи комуникацијата со СДСМ околу уставните измени- повикуваат од владејачката партија, откако во петокот формираа тим на чело со генералниот секретар Зечевиќ за преговори со опозицонерите. Оттаму велат дека сега е време за одговорност, а не за мерење на партиските рејтинзи.

Advertisement

-Ги повикуваме во ДПМНЕ да ја прифатат подадената рака. Условите за одложена примена на уставните измени до втората меѓувладина конференција се прифатени,изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Но, опозицискиот лидер Мицкоски не гледа причина за продолжување на разговорите додека власта не одговори – кој од неговите два услова е прифатлив – преодна Влада без ДУИ и уставни измени кои ќе важат по завршување на преговорите, или пак избори, европски гаранции и спроведување на пресудите за Македонците во Бугарија.

-Ние чекаме одговор. Непродуктивно и бесцелно е да се продолжи со какви било разговори или работни групи, ако тие не се сложуваат за предлозите кои ги дадовме. Ние ќе почекаме уште некој ден. Наместо да трошат енергија на посипување пердуви, нека имаат суштински состаноци и нека излезат со став. – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Дојче Веле.

За разлика од Мицкоски, премиерот Ковачевски инсистира дека на лидерската средба се веќе било договорено и сега е време само да се спроведе истото.

-Демантирањето или излегувањето од она што беше договорено и искажано на прес-конференцијата сметам дека би било големо разочарување како за граѓаните, така и за меѓународната заедница која навистина овој пат сака да ја види Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ и до 2030 година да биде членка, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Клучната разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е од кога да важат уставните измени- од втората меѓувладина конференција или по завршување на преговорите со ЕУ. Според власта условот на Мицкоски за одложено дејство е прекршување на преговарачката рамка, додека опозицијата смета дека треба да се бара нејзина промена за да спречат нови блокади од Софија.

Доколку, власта не прифати, процесот ќе заглави, бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат, повтори и денеска Мицкоски, кој во таков случај, како единствено логично решение ги гледа изборите..

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.