Доаѓа влажен бран – некаде дожд, некаде снег и силенпад на температурите: Метеоцентар со детална прогноза

news
Advertisement

Од утре под влијание на нов влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Наместа ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утре и во сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.

Advertisement

Прогноза за 11.11.2023
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално поројни проследени со појава на грмежи. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 12.11.2023
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во ноќните часови кога на повисоките планини ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 13.11.2023
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно, претпладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *