Доаѓа затемнување на Сонцето и носи важни промени

news
Advertisement

Последното затемнување на Сонцето во 2022 година претстои во текот на наредната недела. Во вторник на 25 октомври, не очекува делумно помрачување на Сонцето, а на 8 ноември целосно помрачување на месечината. Тоа во астрологијата вообичаено се смета за период на големи промени.

Advertisement

Ова помрачување на Сонцето се одвива во знакот на Шкорпија, познат по мрачната и интензивна природа и астролозите најавуваат дека во наредниот период претстојат драматични настани и длабоки трансформации.

Влијанието на планетите ве поттикнува да се прилагодите на околностите кои во почетокот можеби ќе бидат тешки, но ќе ви отворат пат за напредок и ќе донесат позитивни искуства. Ако не забележите веднаш промени, имајте предвид дека влијанието на затемнувањата се чувствува неколку недели пред и после самиот настан.

Еве кои хороскопски знаци најсилно ќе го почувствуваат дејството на затемнувањето на Сонцето:

БИК

Ве очекуваат големи предизвици во односите со околината. Ако веќе подолго време сакате да излезете од некоја врска или соработка, сега ќе соберете храброст и ќе донесете одлука. Иако се чувствувате дека сте подготвени за разделби, ова помрачување може и да влијае и позитивно на некои односи кои веќе извесен период биле нестабилни. Во секој случај, во овој период ќе научите важни лекции за меѓучовечките односи, но и за вас самите.

ЛАВ

Затемнувањето во Шкорпија може да биде најава за промени во вашата дневна рутина. Можеби ќе се преселите во друг стан, ќе му посакате добредојде на нов член на семејството или ќе го преуредите домот. Некои ќе заминат да живеат во друг град поради возбудлива деловна шанса, но заминувањето во непознато нема да помине без потешкотии. Ќе ви треба време за да се навикнете на промената, не се откажувајте на првата пречка.

ШКОРПИЈА

Вашиот живот ќе биде многу интензивен во овој период, но добро ќе се носите со се што следува. За некои претставници на овој знак, ова затемнување ќе значи почеток на голема промена, особено за оние што се родени во октомври. Неочекувани околности ќе ве тргнат од летаргијата и ќе ве поттикнат да станете подобри во многу сегменти. Не се спротивставувајте на промените, колку и да ви изгледаат тешки на почетокот. Подготвени сте за нови предизвици.

ВОДОЛИЈА

Ве очекуваат големи промени на професионален план. Можеби ќе ја напуштите сегашната работа и ќе барате други опции. Некои ќе добијат унапредување или можеби и целосно ќе ја сменат својата кариера. Не стравувајте дека не сте дораснати за предизвикот и прифатетеги одговорностите што ви се нудат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.