Додека ги водеше вестите објави дека боледува ОД РАК НА ДОЈКА: Сара ја прекина програмата и на жените им го порача ОВА! (ВИДЕО)
За вакво нешто е потребна храброст.
Водителката на Си-Ен-Ен, Сара Сиднер, во живо на програмата објави дека ѝ е дијагностициран рак на дојка.
Како што истакна таа, ракот е во трета фаза и моментално е на лекување.
Сара изјави дека во исто време ќе ги исполнува и деловните обврски, се’ додека може.
Своето соопштение го почна барајќи од гледачите да помислат на осум блиски жени во нивниот живот, бидејќи, според статистиката, една од нив има или ќе има рак на дојка.
Никогаш во животот не сум била болна. Јас не пушам. Ретко пијам. Ракот на дојката го нема во моето семејство – рече таа и додаде:
А сепак, еве го во третата фаза. Тешко ми е да го изговорам тоа гласно… – изјави водителката во програмата на Си-Ен-Ен.