Документите до кои дојде Алфа се доказ за магичното бришење на долговите на Палчо за време на СДСМ

news
Advertisement

Политичкиот подем на Љупчо Палевски Палчо во време на владеењето на социјадемократите е проследен со милионски суми, почнува од гарнитура на Црвенковски, но и додека владееше Зоран Заев. Во владеењето на Црвенковски, Палчо прави милионски долгови за неплатен данок, но и кон акционерското друштво Гранит. Штом доаѓа Заев на власт, вртоглавите долгови испаруваат. Ова го прави со изигрување на законот и небулозни судски решенија, покажуваат документите до кои ексклузивно дојде Алфа.

Advertisement

Палевски почнува енормно да расте во 2001. За време на владеењето на Бранко Црвенковски, фирмата на Палевски, УПА Ентерпрајс остварува милионски приходи, но тој не го подмирува долгот кон УЈП за данок на добивка. Од решенијата на УЈП се воочува дека уште во 2006 година, УЈП имала побарувања присилно да го наплати данокот заклучно со 2005- та. Но, тоа не може да го направи зашто Палевски го изигрува законот заради друг долг. И конечно во 2017-та, УЈП носи решение за застарување на долгот.

Со решенија бр. 11.12.2006. 15.11.2006, 23.22.2006 и 05.12.2006 и 19.12.2006 за даночниот должник УПА Ентерпрајс од Скопје утврден е неплатен долг по основ на данок на добивка од 2001 до 2005 и ставена е забрана на превоз на парични средства од сметката за блокирани сметки во Агенцијата за блокирани сметки Скопје. Овој орган утврди дека задолжувањето по основ на данок на добивка е заклучно со 2005-та. Согласно Законот за даночна постапка, наплата на даноците застаруваат во рок од 10 години од истекот на годината во која данокот и споредните даночни давачки пристигнале за плаќање, стои во решението на УЈП од 15.11.2017.

Зошто УЈП на Палевски не може присилно да му наплати?

Во ист период градежната фирма Гранит пријавува долг од околу 4 милиони евра од фирмата на Палевски, за градежни активности и бара преку судот обезбедување на имот. Станува збор за станбена зграда од 700 метри квадратни изградена од УПА Ентерпрајс на Булеварот Јордан Милајков, по старо ново улица Железничка во строгиот центар на Скопје. Наплатата оди тешко бидејќи судот на 11.06.2002 носи забрана за отуѓување на имотот. Долгот кон државата се продлабочува се до крајот на 2005 година. На овој начин тој законски е безбеден да не мора да го плати данокот на државата – бидејќи единствен имот на фирмата УПА ентерпрајс е токму зградата на Јордан Мијалков, а тој имот е веќе замрзнат од судот.

Индикативно е зошто Гранит не ја тужи УПА ентерпрајс, туку само преку предлог до судот успева да го замрзне имотот.

Низ годините што следуваат, УЈП повеќепати носи решение за наплата на данокот, но нема слободен имот од што да се изврши ова.

Магично, проблемите и со Гранит и со УЈП на Палевски, му се решаваат во 2017-та, по освојувањето на власта од страна на социјадемократите.

Веднаш по нивното доаѓање на власт, граѓанскиот суд во Скопје на 09.10.2017 година носи решение со кое зградата на Железничка повеќе не е замрзнат имот, а со тоа и Палевски се ослободува од милионскиот долг кон Гранит. Воопшто е нејасно дали овој долг од приближно 4 милиони евра е платен од страна на Палевски кон Гранит.

Во услови кога самиот доверител изразува согласност за бришење на времената мерка, судот утврди дека постојат законски претпоставки за укинување на спроведените дејствија по решение на Основен суд СКопје 1 РСИ. БР……. од 11.06.2006 год. И бришење на забраната за отуѓување и стварно правно оптоварување на предметниот недвижен имот, стои во решението на Основен суд Скопје 2 од 09.10.2017

2017-та дефинитивно е година на Палевски. Долговите со УЈП и со Гранит му се решени.

На овој начин транзициските тајкуни во тој период го покриваат Палевски за милионски долгови, а во време на Заев, долговите не постојат ни на хартија.

Останува отворено прашањето колку вакви постапки стојат зад него и кој ќе понесе одговорност за криминалното однесување на институциите.

ИЗВОР. https://alfa.mk/dokumentite-do-koi-dojde-alfa-se-dokaz-za-magichnoto-brishene-na-dolgovite-na-palcho-za-vreme-na-sdsm/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=dokumentite-do-koi-dojde-alfa-se-dokaz-za-magichnoto-brishene-na-dolgovite-na-palcho-za-vreme-na-sdsm

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.