Дошла пијана да се породи, лекарите едвај го спасиле бебето

news
Advertisement

Жена која целосно пијана дошла да се породи родила дете кое во крвта имало речиси три промили алкохол! Шокантниот инцидент се случи на 3 јануари во полскиот град Жиромин, кој се наоѓа на околу 120 километри од главниот град Варшава, но дури сега стана јавен. Порталот Ciech-Press наведува дека жената која има 41 година дошла во болница, бидејќи требало да се породи.

Advertisement

По породувањето, трудницата имала два промили алкохол во крвта, поради што лекарите побарале тестирање на новороденчето. По некое чудо, бебето преживеало иако при раѓањето имало 2,8 промили алкохол во телото.

Клиниката потоа веднаш ја известила полицијата.

Државното обвинителство моментално го истражува случајот бидејќи жената го загрозила здравјето и животот на своето бебе. Жената, која има уште едно дете, се уште не е обвинета, но доколку тоа се случи и се заканува затворска казна од три месеци до пет години.

Новороденчето сега е одвоено од мајката и е во детска установа.

Локалните медиуми јавуваат дека надлежните градски социјални служби биле запознаени со состојбата на жената. Бидејќи веќе станала позната по алкохолизмот, била под надзор на социјален работник. Сега треба да се разјасни како никој не забележал дека жената пиела алкохол за време на бременоста.

Катарина Ј.(28) од Германија, која го фрлила бебето низ прозорец, се соочува со доживотна казна затвор. Веројатно тоа ќе биде последниот епилог од хоророт во германскиот град Лауфен, во кој млада адвокатка го напуштила своето новороденче.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.