До каде е укинувањето на „Десна“?! – Ковачевски: Антимакeдонска партија која претставува класично злосторничко здружување

news
Advertisement

Сите институции кои треба да постапуваат во делот на санкционирање, па и дерегистрација на вакви здруженија со политички предзнак, треба веднаш да си ја завршат својата работа“.

Advertisement

Вака премиерот Димитар Ковачевски одговори на прашање за тоа до каде е постапката за укинување на партијата „Десна“, предводена од Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски.

Ковачевски вели дека информацијата за тоа до каде е укинувањето на „Десна“, треба да се провери во Министерството за правда, МВР и Собранието.

Тој вели и дека се работи за антимакeдонска партија која претставува класично злосторничко здружување.

„Таа информација ќе мора да ја провериме во Министерството за правда, МВР, Собранието, законските решенија за дерегистрација на партии, но, де факто и де јуре се работи за антимакдеонска партија која претставува класично злосторничко здружување чии членови, прво, не само што починија грозоморно убиство на чело со претседателот на партијата, туку и во изминатиот период учествуваа заедно со другите опозициски партии во организирањето на најголемите нереди во државата. Во јуни и јули лани кој мене ми поставуваше гилотина пред Собрание, кој ми правеше јавно судење пред Владата, кој фрлаше молотови коктели на МНР, кој од моето малолетно дете правеше недолични видеа на Тик-ток? Тоа го правеа тие луѓе, но прашањето е друго, кој беше со нив? Со нив беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Левица, член на Државна комисија за спречување дискриминација, претседатели на други политички партии, а имаше и една претседателка на партија која правеше драми и хистерии дека ќе сме биле бугаризирани и асимилирани за по неколку месеци нејзиниот син биде избран во Софија, во Градското собрание. Немам против да биде избран секаде, но не може на тој начин да се прави хистерија и да се подгрева лажен патритоизам и квази национализам во Северна Македонија“, рече Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.