ДРОГАТА ЈА КРИЕЛ ВО БОЖИЌНИ ПОДАРОЦИ Македонец заглави во Бугарија за марихуана

news
Advertisement

Окружното јавно обвинителство од бугарскиот град Ќустендил започна истрага против 72-годишниот македонски државјанин К.К., под сомнеж за шверц на дрога. Истрагата е покрената откако во петокот на граничниот премин „Деве Баир/Ѓуешево” припадници на Одделението за борба против трговија со дрога при бугарското Министерство за внатрешни работи при претрес на автобус на релација Скопје – Истанбул, во личниот багаж на К.К. пронашле 6,235 килограми марихуана поделена во шест пакувања, од кои дел биле скриени во божиќни подароци.

Advertisement

Како што објавија бугарските медиуми, по откривањето на марихуаната, К.К. е лишен од слобода и Обвинителството поденело барање до надлежниот Суд да му биде одредена мерка притвор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.