ДУИ еуфорично го прослави изборот на Џафери за технички премиер

news
Advertisement

Новинарите кои вчера го следеа во чекор техничкиот премиер Џафери целиот ден се движеа со државни, службени возила и седеа во дипломатската ложа во собранието.

Advertisement

Од офицер во ЈНА, десертер во АРМ и командант на УЧК во 2001, преку пратеник, министер за одбрана и претседател на Собранието, Талат Џафери, со чашка виски, пури, и црвени вратоврски на кои пишува „Албанец премиер“, низ песна триумфално седна на премиерското столче…

Специјални гости на прославата им беа и медиумски првенци од Косово и Албанија, а некои од нив дури и јавно му се извинуваа на Ахмети зошто во минатато го критикувале…

-Јас мислам дека е лидерот кој што прави најголема штета на Македонија. Не знае. Добро, а што знае Г. Ахмети. Тој знае да чува само овци. – Абаз се извинувам затоа што не ти верував, честито за Талат. Ќе ми простиш овој пат, друг пат ќе ти верувам повеќе.- Батон Хаџиу – Новинар

Новинарите кои вчера го следеа во чекор техничкиот премиер Џафери целиот ден се движеа со државни, службени возила и седеа во дипломатската ложа во собранието навивајќи, а од новинарот на Портал Икс кој го подготви видеото добија и прашање во кое својство се дојдени и дали за посетата се платени…

-Вие да ни кажете дали ДУИ ве плаќа да дојдете да пропагирате, затоа што тука веќе не им поминува? – Како можеш да прашаш дали сум земал пари, не ти е срам да го поставиш тоа прашање?

Човекот кој одговара на прашањето е Бленди Февзиу, новинар од Албанија, кој од центарот на Скопје порача дека сонот на албанците до 90тите бил да се обединат во голема држава. „Овој сон во Македонија е дериват на уставот на албанците како државотворен народ на Македонија. Започна со Охридскиот договор, со војната на ОВК, се разбира со напорите што беа направени порано и завршува денес симболично, кога на чело на владата во Македонија ќе дојде албанец“ – порача меѓу другото новинарот.

Косовски Клан направи и специјали со семејството на Талат Џафери, а во еден од нив изјава даде и неговиот брат…

-Работи толку што на пример и после полноќ ако дојде тој не оди на спиење, прво оди да чита Право, и неговиот коефициент на интелигенција е толку висок како на Ајнштај, а можеби и повисок, вели братот на Талат Џафери.

ДУИ еуфорично го проследи изборот за технички премиер на Џафери, но за разлика од нив, албанската опозиција смета дека нема ништо историско во вчерашната, како што ја нарекоа, „церемонија на самофалење“. Според нив, Џафери не е прв туку трет Албанец премиер, по именувањата во 1986 година на Вулнет Старова за претседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и на Синан Хасани за претседател на претседателството на СФРЈ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.