ДУИ не ги дава директорите на МНАВ, ќе биде ли понижена СДСМ на утрешната владина седница

news
Advertisement

Ќе бидат ли понижени Ковачевски и СДСМ на утрешната владина седница откако премиерот уште во четвртокот најави смена на менаџментот во МНАВ а ДУИ најави дека нема лесно да ги даде своите кадри во контролата на македонското небо каде се случи тежок инцидент токму со членови на ДУИ.

Advertisement

Пред утрешната владина седница од Мала Речица ДУИ навестуваат дека предлогот на Ковачевски за смена на директорите нема да биде прифатен затоа што нема доволно аргументи за разрешување на директорите на М-НАВ?

„Ќе дебатираме. Можеби Владата има посилни аргументи од судот“ – е одговорот што од ДУИ го дале за ТВ 24 пред утрешната владина седница на која сите очекуваат разрешување на раководството на М-НАВ.

ДУИ од каде молчеа по најавата за смена дадена од делото во власта од СДСМ сега се потпираат на одлуката на Кривичниот суд, кој не им даде притвор на насилниците од ДУИ туку само мерка на претпазливост.

Сега ДУИ не дава смена во МНАВ затоа што Обвинителството не доставило доволно докази делото за кое се товарат осомничените.

Иако владата можеше уште во четвроток на вонредна седница да ги смени диркеторите во МНАВ таа остави за утре Вторник кога Владата вообичаено одржува седници.

Многумина сметаат дека ова е направено намерно со цел да се купи време да се најде начин како да не паднат директорите од ДУИ.

Од Мала Речица за ТВ 24 во изјава која звучи полуиронично велат имаат свои аргументи и дека ќе се дебатира за да се види дали Владата има посилни аргументи од судот.

Ресорниот министер Благој Бочварски и денеска не одговорил на телефонските повици околу неговиот став за инцидентот.

Министерката за одбрана пак Славјанка Петровска вели дека не верува дека било кој член во Владата има силни аргументи да се спротистави на разрешувањето на директорите во М-НАВ.

„Јас очекувам утре на седница на Влада како што најави премиерот и во владиното соопштение да се стави точката за разрешување на раководството на М-НАВ заради случувата во таа институција изминатиот период во таа институција. После се што изминатиов период видовме околу случувањата во оваа институција не верувам дека било кој ќе има силни аргументи да се спротистави на предлогот за разрешување”, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за ТВ 24.

ИЗВОР. https://www.expres.mk/dui-ne-gi-dava-direktorite-na-mnav-kje-bide-li-ponizhena-sdsm-na-utreshnata-vladina-sednica/?fbclid=IwAR1scktpCYybyYODvk9p7_Lmw9m0EWB_FQqGqGa-UjF4oEV3zMxZhAQAOgg

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.