Д-р Чибишев: Отпадот од преработка на акумулатори најден во Орман е сериозна закана за животната средина

news
Advertisement

Не знам што е ова што ни се случува, напиша во својата објава на Фејсубк универзитетскиот професор од Клиниката за токсикологија, д-р Андон Чибишев, откако денеска Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека лоцирано е место каде што е одлаган материјал од преработка на акумулаторски батерии во близина на село Орман.

Advertisement

„Попладнево некои медиуми лиферуваа вест дека во околината на населбата Ѓорче Петров инспекторите од Инспекторатот за животна средина откриле дека на несоодветен начин е депониран отпад со шифра 10 04 кој според листата на видови на отпади објавена во Законот за управување со отпадот спаѓа во групата на опасен отпад“,пишува Чибишев.

Чибишев алармира дека ваков вид отпад е сериозна опасност за животната средина поради загадувањето на почвата и подземните води.

„Се работи за отпад кој е продукт од преработка на акумулатори кои содржат тешки метали како олово, кадмиум и жива кои на краток и долг рок можат сериозно да ја загадат животната средина заради загадување на почвата и подземните води. Преку нив можат да стигнат во земјоделските производи кои граѓаните секојдневно ги користат за исхрана“ вели тој.

Докторот вели дека оловото спаѓа во групата тешки метали и внесен во човечкиот организам има исклучителен афинитет кон еритроцитите и коскената срж и во нив може да се задржи од 45 дена во крвта, до 30 години во коскената срж.

„Хроничната експозиција на олово и неговите соединенија доведува до тешки пореметување во создавањето на крвни клетки, сериозни пореметувања на работата на бубрезите, комплицирани испади во централниот и периферниот нервен систем. Овие неповолни ефекти на оловото и неговите соединенија особено се опасни кога на нив се изложени деца и млади до 20 годишна возраст“,предупреди тој.

Чибишев повика на проактивност од институциите.

Чибишев повика на проактивност од институциите.

„Ова веќе станува многу сериозно и загрижувачки. Ги повикувам институциите под итно да утврдат кој ги труе граѓаните и да преземат мерки за обезбедување на загаденото подрачје“,вели тој.

Инаку, при редовна обиколка на територијата на Општина Ѓорче Петров од oвластен инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров, лоцирано е одлагање згура од преработка на акумулаторски батерии во близина на село Орман, во количина од проценети околу 500 до 600 тони. Како што информира Државниот инспекторат за животна средина, отпадот бил лоциран минатата недела.

Оттаму посочуваат дека според затекнатата состојба на теренот и проценка за ризикот, овластениот инспектор за животна средина по службена должност започнал инспекциска постапка и притоа издал решение со кое им се наредува на сопствениците на земјиштето дислокација на опасниот отпад од катастарските парцели во село Орман на соодветна локација за тоа во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.