„Европски плати и за вас и за нас“: Вработените во судската администрација и денеска излегоа на улица

news
Advertisement

На министрите во Владата им порачаа дека не сакаат трошки од Буџетот, си ги бараат, како што велат законски предвидените 0,8% од БДП кој изминативе години ни половина од нив не ги добивале.

Advertisement

„Да не ни се доделува трошка, како минативе години 0,3%, со тоа што со тие 0,8% ние би имале и за покачување на платите и реновирање на судници, и сите потреби за нови вработувања, бидејќи преголем е одливот на вработени во судовите кои даваат откази… “-Јасмина Величковска – синдикална организација на судска администрација

Во петок излегуваат на голем протест пред Собранието, заедно со вработените во обвинителствата, Фондот за здравство, Народниот правобранител.

„Овој протест ќе биде пред Собрание на Македонија, каде што ќе укажеме на пратениците дека постојат служби кој работат за нив, кој работат за државата. Не само што ќе го искажеме нашето незадоволство, овој револт постои не само во судскиот систем, туку и во другите сектори….“- Горан Ристевски – независен синдикат на државна администрација

Пари за плати има за сите, но има и општ колективен договор кој треба да се почитува, им порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на буџетарите, откако вчера првиот човек на УПОЗ рече дека се сомнева дека јавната администрација во март нема да го добие усогласувањето на минималанта плата.

„Усогласувањето во март ќе видиме дали ќе биде затоа што потпишувањето на оштиот колективен договор беше воспоставување на нова методологија, 10 % во септември што ги зедоа сите вработени во јавниот сектор. Во септември 2024 година уште едно уште едно усогласување на платите и во март 2025 година да започнеме со новата пресметка на платите, односно коефицинет помножен со просечна плата.“- Јованка Тренчевска – министерка за труд и социјална политика

Премирот Ковачевски пак уверува дека усогласување со минималецот наредната година ќе има, а дијалогот со синдикатите ќе продолжи.

„Буџетот се наоѓа во собраниска процедура, меѓутоа сметам дека на крајот повторно ќе се изнајде решение во текот на оваа и идната година. Усогласување со минималната плата нормално дека ќе има бидејќи тоа е законска обврска и тоа ќе се случи во текот на идната година…“- Димитар Ковачевски – премиер

Револтот кај вработените во јавниот сектор се појави откако пролетва се заголемија фунцкинерските плати за 78%… аргументот на сите е истито – ако има за функционерите, мора да има и за останатите…

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.