Еден од повредените е во животна опасност – „Штекли“ е погоден со 6 куршуми, но е во стабилна состојба

news
Advertisement

Во вчерашниот инцидент во трговскиот центар, Раде Трајковски Штекли е повреден со околу 5-6 куршуми, но неговиот живот е надвор од животна опасност, соопшти директорот на Торакалната Клиника, каде што е згрижен ранетиот.

Advertisement

„Доминантниот дел бил во левиот граден кош и десното рамо, направена е обемна интервенција во левиот граден кош, изваден е дел од белодробното крило на пациентот, повредено од куршумите и санирани се раните во десното рамо, пациентот поминал синоќа на интензивна нега, додека утрово е стабилизиран и свесен, со спонтано дишење и е под понатамошна опсервација на интензивна нега“, вели Неџати Јакупи.

Придружникот на Раде Трајковски е во посериозна состојба. Тој е на лекување во Градската болница, од каде велат дека моменталната состојба му е стабилна, но животот и понатаму е во опасност.

Штекли и неговиот придружник се повредени вчера попладне во ТЦ „Ист Гејт“ околу 15 часот, кога центарот е полн со посетители.

Узвор: https://mk.tv21.tv/eden-od-povredenite-e-vo-zhivotna-opasnost-shtekli-e-pogoden-so-6-kurshumi-no-e-vo-stabilna-sostojba/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.