Advertisement
Премиерот на Албанија, Еди Рама ги поканил сите лидери на политичките партии на Албанците од Македонија на средба во вторник во Тирана, пишува Алмакос.
Advertisement
На средбата биле поканети лидерите на ДУИ, на Алијанса за Албанците, Беса и на Алтернатива, Али Ахмети, Арбен Таравари, Билал Касами и Африм Гаши. На тркалезната маса организирана од Рама во Тирана ќе се разговара за политичката случувања во земјата, за скандалите во Македонија, за струењата во партиите и за други прашања на Балканот, пишува Алмакос.
Advertisement