Една недела од гаража крадел делови од автомобил и трактор: Приведен крадец во Свети Николе

news
Advertisement

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе вчера го лишиле од слобода Д.Т.(27) од Свети Николе, кој се сомничи дека од петти до 13 јануари од гаража во дворното место од куќа сопственост на А.Л. одзел повеќе делови за патничко возило и трактор и други предмети.

Advertisement

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.