Еколошка катастрофа: Во Маркова река наместо вода, тече исцедок од ѓубрето во Дрисла

news
Advertisement

Наместо вода во Маркова река тече исцедок од езерото од депонијата Дрисла. Сених Браховиќ од селото Батинци за „Слободен печат“ вели дека страшна смрдеа се шири околу реката и дека е неподносливо да се живее покрај неа.

Advertisement

– Секогаш кога врне е исто. Во депонијата Дрисла има езеро кое секогаш кога врне, рано наутро се испушта околу 5 часот. И тогаш водата поцрнува и неподносливо мириса. Видеото е снимено во 6 часот и ова е сликата во Маркова река, вели Браховиќ за Слободен печат.

На социјалните мрежи од вчера кружи видео во кое се гледа дека во Маркова река тече црна течност. Сенад објаснува дека ова не е прв и единствен случај, се случува секое утро после дожд.

– Како може овде да преживее риба или жаба? Што станува со луѓето кои живеат во околина на реката, но и во селото Батинци? Пријавивме во Инспекторатот за животна средина и во четврток треба да дојдат на лице место. Но сега водата не е таква бидејќи се е отидено во Вардар- вели Браховиќ.

Селаните од Батинци револтирани минатиот месец имале и протести. Велат дека ќе продолжат да прават притисок на јавноста за проблемот со реката. Браховиќ вели дека денес дополнителен проблем им е и смрдеата која се шири од пожарот во Дрисла.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *