ЕКСКЛУЗИВНО Лила и Јована: Среќата е таму каде што се пријателите (ФОТО)

news
Advertisement

Деновиве, на социјалните мрежи сме сведоци на фотографии што познатите водителки ги објавуваат, сликани на исто место во исто време.Во овие летни горештини, тие се вистинско освежување и инспирација, со оглед на тоа што Лила Филиповска и Јована Стојменовиќ негуваат пријателство подолго од 20 години. Имено, како што изјавија ексклузивно за ,,Убавина и здравје”, едноставно одлучиле да ги спакуваат куферите и да заминат на краток одмор со своите најблиски Сузана Митревска и Бојана Стојменовиќ.
Кога по долги години ќе успееш да споиш неколку заеднички слободни денови, сфаќаш дека за среќа е потребно малку – само да сме четирите заедно, здрави и живи, а не е битно каде, рече Лила, останувајќи мистериозна за локацијата што ја избрале, сакајќи да ја зачуваат приватноста.
Како луѓе, колку и да не веруваме во суперхерои, ваквите пријателства се доказ дека се’ уште постои нешто што силно ги врзува луѓето едни со други и трае долго, пркосејќи им на сите премрежиња.

Advertisement

Само нека биде весело, да му наздравуваме секој ден на животот!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.