Елена Андоновска со порака што стопли многу срца, и важен семеен момент на голем празник – ФОТО

Елена Андоновска со порака што стопли многу срца, и важен семеен момент на голем празник – ФОТО

news
Advertisement

Елена Андоновска со порака што стопли многу срца, и важен семеен момент на голем празник - ФОТО

Advertisement

Пејачката Елена Андоновска вчера прослави девет години брачен живот, а по тој повод сподели емотивна објава на социјалните мрежи. Со фотографија и посебна порака, таа откри дека љубовта и среќата се тајната на нивниот заеднички пат.

„Си посакавме да славиме уште долги години во добро здравје и среќа. За многу години нека е денешниот голем христијански празник – Успение на Пресвета Богородица,“ напиша Елена, дополнувајќи ја радоста со симболи на љубов и среќа.

За Елена и нејзиниот сопруг, овој ден беше двојна причина за славење – и семејната годишнина и празникот, кои го симболизираат почетокот на нови благословени години.

Со оваа објава таа уште еднаш потврди дека најголемата сила се крие во љубовта, семејството и заедничките спомени.

ФОТО: Инстаграм

РЖМ/ИС

Advertisement