Ја имавме честа токму во третата епизода од подкастот КАЖИ ШИФРА на Женски магазин, подржано од Фактор.мк да ни биде гостинка Елена Антоновска. Жена лавица, храбра, одлучна, исклучително паметна и духовно издигната на врвот. Вистински водич!
Таа е професионален сертифициран коуч акредитиран од Интернационалната коучинг федерација (ICF – PCC), тренер и сопственик на Ars Lucida – World of Wellness во Скопје. Ментор и мастер учител за личен и професионален развој, при што листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга. Во март 2017 година е прогласена и за најуспешна жена менаџер за 2016 година од областа на личниот и професионалниот развој.
Успеа да ги пробие скоро сите животни шифри, токму она што е и поентата на подкастот. А, зборувавме за многу работи. Начините на себереализација, кој е вистинскиот пат, како со фрекфенција да го зголемиме квалитетот на животот, како духовно да се издигнеме, како да пристапиме на проблемите, како само еден допир е доволен… и како да бидеме подобра верзија од себе.
Еве го целиот подкаст, се надеваме дека ќе извлечете поуки кажани од Мастер учител: