Елена Велевска од Прилеп повторно се врати во Охрид каде што живееше со поранешниот маж, еве ја причината

news
Advertisement

Кога нешто работиш со љубов,искрено и без задни намери ќе имаш резултати.За оваа професија е најбитно да си свој.Jас ја имав таа среќа публиката да ме прифати од самиот мој почеток и тоа трае до ден денес.
Индивидуално е,но посветеноста е најбитна,љубовта која им ја пружиш на публиката и едноставноста“, изјави во едно интервју за estradaworld.blogspot.com нашата позната фолк-пејачка Елена Велевска.

Advertisement

–Многумина знаат да кажат дека јас сум таа која направила револуција во фолк музиката кај нас,јас сум прва која се потруди да реализира видео спот со приватна продукција кој во тоа време1997,чинеше 1500 марки.
Без ничија помош го реализирав и продолжив да снимам високо буџетни спотови до ден денес и така ќе биде и понатаму.Со моето појавување како да ги потикнав моите колешки поинаку да размислуваат,да вложуваат во себе,со моето појавување ги поставив темелите на свежата крв на фолк музиката во Македонија.

Јас не сум конфликтна личност, ни во приватниот, ни во професионалниот живот.Го почитувам секој оној кој се труди да направи нешто.
Живееме во време каде што е многу тешко да издадеш песна,видеоспот,јас немам никаков проблем она кое е добро да го споделам на социјалните мрежи, со мојата публика, што не можам да кажам дека е така и кога моите колеги се во прашање.
Фокусирана сум на мојата кариера и на семејството, немам време за да бидам дел од нешто кое не сакам, каде што не ми е местото“, рече Елена во истото интервју.

Елена во една прилика гостуваше во емисијата „Ред Карпет“ на Канал 5 и водителот Миро Кацаров ја праша во какви односи е со екс сопругот. „Релативно добри“, одговори Велевска.
-Пред неколку месеци тој даде изјава дека проблемот бил во тебе. Ти ја знаеш изјавата не е баш убава да се споменува, ти си имала некои проблеми, вакви, онакви, психички“, рече водителот, а на ова Елена одговори:
-Секој би имал психички проблеми со таков човек! Не знам јас кој би останал… 12 години бевме во брак“, рече Велевска а Миро ја потести на нејзините изјави дека сакала да го задржи бракот поради семејството.

-Да, поради тоа да се биде целина. Некогаш жената може да биде осамена и со три деца, тоа не е среќа“, рече Велевска, а Кацаров ја праша: Не ти беше страв да останеш сама со три деца?
-Каде, во Охрид? На секој би му било страв бидејќи децата се навистина голем товар. Затоа ви викам дека сега во моментов имаме најубаво разбирање кога се децата во прашање. Децата имаат сигурни раце и од негова и од моја страна.
Така да, ние си поделивме обврските кои се мои, кои се негови, и секој знае кои се негови обврски околу децата. Секогаш приоритет ни биле биле и на двајцата децата.
Во какви односи сме заедно? рече потоа Елена, а Миро одговори: Онака кога ќе се видите, кога децата ќе ве спојат, кога ќе треба да разговарате за децата, родителска средба.

-Најнормално. Нема љубомората заврши со самото наше прекинување. Кај мене нема љубомора, кај мене има чиста љубов, и се кажав дека е направено од љубов.Мене љубовта ми е двигател во животот, рече Елена.

Велевска како што е познато претходно живееше во Охрид со поранешниот сопруг и со децата, а сега живее во Прилеп од каде што потекнува.
Велевска пак се врати во Охрид за да биде со своите деца и од таму објави сториња.
Прво од својата ќерка како плива во еден хотелски базен, а потоа од неа, топ дотерана во портокалово и се означи дека е во еден од најпознатоте хотели кој има свој спа центар во Охрид.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.