Македонската поп- пејачка Елена Ристеска го прослави својот 39-ти роденден. По тој повод таа подготви интересно видео со кое се пошегува на своја сметка.
Иако својата кариера ја започна како тинејџерка, сега веќе е возрасна зрела жена- девојка. Годините се тие кои со себе носат и предизвици, како на пример болки во грбот. Елена со креативно видео по повод роденденот ја покажа тежината на годините.
Во објавата напиша:
„ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ ЗА ЧЕСТИТКИТЕ!!!
Јас сум најбогата личност на светот, затоа што ве имам вас најдобрите обожаватели на свет и ги имам најдобрите пријатели, љубов и фамилија на светот!
Малку се нашаливме со годините кои ги полнам и ви снимивме едно смешно видео заедно со мојот најсакан Дани, со прекрасниот фотограф Мики Мики Трајковски – Манца браво легендо за фотографиите-ВРВ се и идејата на моја Тања Санишковска.
Двете трансформации ги направи најдобриот Даниел Николовски шминка, фризура и стајлинг.
Дали 19 или 39 не е важно, важно е дека сум среќна и благодарна за сѐ што имам. 🙂
П.С. ПОЛНАМ 39, но ПРАЗНО ми е срцето затоа што некои луѓе во мојот живот засекогаш ќе фалат“.