ЕУ: Тоа е внатрешна работа на Русија

news
Advertisement

Тоа е внатрешна работа на Русија, истакнаа лидерите на европските институции на 24 јуни по бунтот на приватната воена платеничка група Вагнер против руските власт. Тие наведоа дека внимателно го следат развојот на ситуацијата во Русија.

Advertisement

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел преку Твитер изјави дека „внимателно го следи развојот на ситуацијата во Русија“, дека е во контакт со лидерите на земјите-членки на ЕУ и Г7.

„Ова е јасно внатрешно прашање на Русија“, вели Мишел, додавајќи дека „нашата поддршка за Украина останува непоколеблива“.

„Ова е внатрешно прашање на Русија. Ја следиме ситуацијата“, рече и Ерик Мамер, портпарол на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин повика на бунт против руската армија, но негираше обид за воен удар. Кремљ нареди апсење на Пригожин, а против него се води истрага за поттикнување бунт.

Русија, Ростов на Дон – 24 јуни 2023 година: Борците на Вагнер стојат пред штабот на Јужниот воен округ.

Путин вети ќе стори „сè да ја заштити земјата“ откако Вагнер го окупираше Ростов на Дон
Рускиот претседател Владимри Путин во вонредно обраќање рече дека ова е удар во грб.

Шеесет и двегодишниот Пригожин, поранешен угостител, е основач на платеничката група на Вагнер. Платеничката група стекна широка слава за време на 15-месечната војна во Украина.

Неговите трупи водеа битки во градот Бахмут и други градови, но тој исто така имаше спорови со руската армија за тактикаta, логистичкаta поддршка и други прашања.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.