Жена од охридско што се изгубила берејќи печурки, е пронајдена во раните утрински часови

news
Advertisement

Жена од охридското село Горно Среднорече, која вчера берејќи печурки се изгубила, е пронајдена во раните утрински часови.

Advertisement

Регионалниот ЦУК Охрид, повикувајќи се на информации од СВР Охрид, денеска соопшти дека жената се изгубила околу 20:40 часот и дека по целовечерна потрага, таа е пронајдена во раните утрински часови во добра здравствена состојба.

Исчезнувањето го пријавил сопругот, кој информирал дека биле задно да собираат печурки на различни локации низ шума. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, жената не се појавила. Во потрагата била вклучена и единицата за спасување на планина со куче обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, мештани од селото и роднини.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.